Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) со 164 илјади 104 починати и 5 милиони 095 илјади 748 инфектирани лица

1469533
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto ispanya korona.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
covid19 guney afrika
covid19 meksika
super covid19 fransa
Süper Covid.jpg
covid.jpg
SPR Barcelona covid.jpg
Süper Covid-19.jpg
super covid-19 kolombiya
buenos aires covid-19.jpg
super covid19 abd
süper covid19.jpg
super covid19 2.jpg
Covid Süper.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 8.jpg
afrika kovid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 729 илјади 661 лице, на случаите на зараза достигна до 19 милиони 812 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 12 милиони 726 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 165 илјади 074 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 5 милиони 150 илјади 060 инфектирани лица. Американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на помошта поради Ковид-19 потпиша 4 одделни укази за доделување кредити за студентите, помош за невработеност, даноците на платите и забрана за вадење на кираџиите од страна на сопствениците на станови и куќи.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и кој се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 100.543, а на случаите на зараза достигна до 3 милиони 013 илјади 369 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 694 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 52.006, додека со регистрирани 6.495 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 475.902 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.566, а на случаите на зараза изнесува 309.763 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.203 лица, а на инфектираните достигна до 250.103 лица. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.953 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 30.324, а на случаите на зараза на 197.921 од кои пак 84.761 лице се активни. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 28.503, а на случаите на зараза изнесува 361.442 лица.

Во Нов Зеланд, кадешто животот го загубија 22 лица, во напраените тестирања од 1 мај кога беше регистриран последниот случај на зараза од Ковид-19 100 дена како не е утврден случај на зараза.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 20.844

Колумбија 12.540

Чиле 10.011 

Белгија 9.870

Германија 9.261

Канада 8.976

Холандија 6.157

Еквадор 5.916

Шведска 5.763

Аргентина 4.523

Боливија 3.587

Романија 2.659  

Гватемала 2.197

Швајцарија 1.986

Полска 1.800

Ирска 1.772

Португалија 1.750

Панама 1.609

Доминиканската Република 1.289

Србија 632

Австрија 721

Данска 617

Унгарија 602

Северна Македонија 523

Бугарија 445

Босна и Херцеговина 394

Чешка 389

Финска 331

Австралија 295

Норвешка 256

Грција 211

Албанија 193

Хрватска 157

Словенија 126

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, која е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 935 лица, со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 43.484. Вкупниот број на случаите на зараза за еден ден се зголеми за 64.399 и достигна до 2 милиони 156 илјади лица. 

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 77 лица достигна до вкупно 14.931, а на случаите на зараза со раст од 5.189 новозаразени се искачи на 887.536 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 18.264 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 324.692. Иранските здравствени работници предупредија дека колективното одржување на манифестациите во месец Мухаррем и покрај очајната слика во епидемијата на коронавирусот може да стане причина за уште повеќе проширување на заразата.

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус во изминатите 24 часа се регистрирани 23 нови случаи на зараза со што вкупниот број на инфектираните достигна до 84.619 лица, а досега животот го загубија 4.634.

Во Јужна Кореја, се регистрирани 36 нови случаи со што бројот на инфектираните се зголеми на 14.598, а на смртните случаи изнесува 305 лица.

Во Пакистан, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 6.082 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 284.121. Во земјата е дозволено повторно да започнат меѓународните и домашните летови и карго транспортот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 5.658

Ирак 5.310

Бангладеш 3.365

Саудиска Арабија 3.130

Филипините 2.209

Украина 1.879

Киргистан 1.468

Авганистан 1.312

Казахстан 1.058

Јапонија 1.039

Ерменија 791

Белорусија 585

Израел 597

Оман 509

Бахреин 162

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 22.966, а на случаите на зараза со раст од 14.209 лица се искачи на 1.039.678.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 10.210, а потоа следуваат Египет со 4.992, Алжир 1.293, Нигерија 942 и Судан 773 починати.

 

 



Слични вести