Бројот на загинатите во експлозијата во Бејрут се зголеми на 158 лица, а над 6 илјади лица се ранети

Продолжува да расте билансот на загинатите во експлозијата во главниот град на Либан, Бејрут

1469526
Бројот на загинатите во експлозијата во Бејрут се зголеми на 158 лица, а над 6 илјади лица се ранети

Бројот на загинатите во експлозијата во либанскиот главен град Бејрут се зголеми на 158 лица, а повеќе од 6 илјади лица се ранети.

На 4 август во магацинот број 12 во пристаништето на Бејрут во кој се наоѓале 2.750 тони амониум нитрат најприв се појави пожар, а потоа дојде до силна експлозија која го затресе целиот главен град.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за здравство на Либан се истакнува дека бројот на загинатите во експлозијата се зголеми на 158 лица, а повеќе од 6 илјади лица се ранети.

Гувернерот на Бејрут Мерван Абуд истакна дека причинетата штета од експлозијата во пристаништето на Бејрут би можела да изнесува од 10 до 15 милијарди долари.



Слични вести