Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) со 164 илјади 104 починати и 5 милиони 095 илјади 748 инфектирани лица

1469134
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
covid19 meksika
super covid19 fransa
SPR Barcelona covid.jpg
covid.jpg
super covid-19 kolombiya
super covid19 abd
Covid Süper.jpg
süper covid19.jpg
super covid19 2.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 724 илјади 194 лица, на случаите на зараза достигна до 19 милиони 550 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 12 милиони 551 илјада заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 164 илјади 104 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 5 милиони 095 илјади 748 инфектирани лица. Гувернерот на сојузната држава Њујорк, епицентарот на пандемијата во САД, Ендрју Куомо истакна дека бројот на инфектираните во сојузната држава од новиот тип коронавирус (Ковид-19) е во опаѓање и рече дека наесен ќе се дозволи учениците и учителите да се вратат на настава во училиште. Бројот на починатите од вирусот во сојузната држава Њујорк изнесува 32.822.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 99.702, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 967 илјади 064 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 794 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 51.311, додека со регистрирани 6.717 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 469.407 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.511, а на случаите на зараза изнесува 309.005 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.190 лица, а на инфектираните достигна до 249.756 лица. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.924 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи со раст за уште 12 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 30.324, а на случаите на зараза со раст од 2.288 се искачи на 197.921 од кои пак 84.761 лице се активни. Бројот на случаите на зараза во земјата за прв пат по изминато долго време се искачи на над 2 илјади и епидемијата продолжува да се шири. Францускиот научен совет претходно истакна дека постои загриженост наесен или зиме да дојде до втор бран во епидемијата.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 28.503, а на случаите на зараза изнесува 361.442 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 20.649

Колумбија 12.250

Белгија 9.866

Чиле 9.958 

Германија 9.254

Канада 8.970

Холандија 6.154

Еквадор 5.897

Шведска 5.763

Аргентина 4.411

Романија 2.616  

Боливија 3.524

Гватемала 2.168

Швајцарија 1.986

Ирска 1.772

Португалија 1.746

Полска 1.787

Панама 1.591

Доминиканската Република 1.259

Австрија 720

Данска 617

Србија 626

Унгарија 602

Северна Македонија 519

Бугарија 442

Чешка 389

Босна и Херцеговина 394

Финска 331

Норвешка 256

Австралија 278

Грција 210

Албанија 189

Хрватска 155

Словенија 125

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 

 

 



Слични вести