Патнички авион во Индија преполовен на два дела: Во несреќата загинаа 15 лица

Патнички авион кој летал на линијата Дубаи-Кожикоде и во кој се наоѓале 184 патници и 7 членови на екипажот при слетување на аеродромот Каликут вчера приквечер во 19:40 часот излетал од пистата и во несреќата животот го загубиле 15 лица.

1469182
Патнички авион во Индија преполовен на два дела: Во несреќата загинаа 15 лица

Во провинцијата Керала во Индија патнички авион при слетување излета од пистата и се преполови на два дела.

Во несреќата загинаа 15 лица.

Според веста на телевизискиот канал „NDTV“, патничкиот авион кој летал на линијата Дубаи-Кожикоде и во кој се наоѓале 184 патници и 7 членови на екипажот при слетување на аеродромот Каликут вчера приквечер во 19:40 часот излетал од пистата и во несреќата животот го загубиле 15 лица.

Меѓу вестите коишто пристигнуваат, меѓу загинатите се наоѓа и еднот од пилотите на авионот.

Како што се соопштува, повредените во несреќата се префрлени на лекување во болница и здравствената состојба на некои од нив е тешка.



Слични вести