Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1468008
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 711 илјади 256 лица, на случаите на зараза достигна до 18 милиони 980 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 12 милиони 172 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 904 лица, со што бројот на смртните случаи се зголеми на на вкупно 40.791, а вкупниот број на случаите на зараза достигна до 1 милион 967 илјади 700 лица. Во провинцијата Гужарат во западниот дел на земјата пак, избувна пожар во една болница за лекување на заболени од Ковид-19 и според првични информации животот го загубија 8 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 досега изнесува вкупно 14.606, а на случаите на зараза достигна до 871.894 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 17.976 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 320.117.

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус во изминатите 24 часа се регистрирани 37 нови случаи на зараза со што вкупниот број на инфектираните достигна до 84.528 лица, а досега животот го загубија 4.634.

Во Јужна Кореја, се регистрирани 43 нови случаи со што бројот на инфектираните се зголеми на 14.499, а на смртните случаи изнесува 302 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Пакистан 6.035

Индонезија 5.521

Ирак 5.094

Бангладеш 3.306

Саудиска Арабија 3.020

Филипините 2.150

Украина 1.819

Киргистан 1.447

Авганистан 1.298

Казахстан 1.058

Јапонија 1.022

Ерменија 772

Белорусија 580

Израел 569

Оман 492

Бахреин 155

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка со раст за уште 536 се зголеми на вкупно 21.679 а на случаите на зараза изнесува 997.350 лица.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 9.298, а потоа следуваат Египет со 4.930 и Алжир со 1.261 починат.

Во западноафриканската држава Нигерија, досега починаа 927 лица, а бројот на случаите на зараза се искачи на 44.890.

 



Слични вести