Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) со 161 илјада 601 починати и 4 милиони 973 илјади 568 инфектирани лица

1467835
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 711 илјади 256 лица, на случаите на зараза достигна до 18 милиони 980 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 12 милиони 172 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 161 илјади 601 лице, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 4 милиони 973 илјади 568 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 97.418, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 862 илјади 761 лице.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 829 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 49.698, додека со регистрирани 6.139 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 456.100 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.364, а на случаите на зараза изнесува 307.184 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.181 лице, а на инфектираните достигна до 248.803 лица. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.646 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи со раст за уште 9 лица се зголеми на 30.305, а на случаите на зараза со раст од 556 се искачи на вкупно 194.029 од кои пак 81.558 лица се активни.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 28.499, а на случаите на зараза изнесува 352.847 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 20.228

Колумбија 11.624

Белгија 9.859

Чиле 9.792 

Германија 9.245

Канада 8.962

Холандија 6.153

Еквадор 5.847

Шведска 5.760

Аргентина 4.106

Романија 2.521  

Боливија 3.385

Гватемала 2.072

Швајцарија 1.984

Ирска 1.763

Португалија 1.740

Полска 1.756

Панама 1.553

Доминиканската Република 1.222

Австрија 719

Данска 616

Србија 614

Унгарија 599

Северна Македонија 511

Бугарија 424

Чешка 388

Босна и Херцеговина 379

Финска 331

Норвешка 256

Австралија 255

Грција 210

Албанија 182

Хрватска 154

Словенија 124

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести