Бројот на загинатите во експлозијата во Бејрут се зголеми на 135 лица

Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан рече: „Бројот на загинатите во експлозијата во пристаништето на Бејрут се зголеми на 135 лица, а освен тоа приближно 5 илјади лица се ранети и под рушевините се наоѓаат уште десетици лица

1467811
Бројот на загинатите во експлозијата во Бејрут се зголеми на 135 лица
beyrut.jpg
beyrut.jpg
Beirut.jpg
Beyrut patlama afp 03.jpg
Beyrut patlama afp 02.jpg
Beyrut patlama afp 05.jpg
Beyrut patlama afp 04.jpg
Beyrut patlama afp 10.jpg
Beyrut patlama afp 01.jpg

Бројот на загинатите во експлозијата до која дојде завчера приквечер во пристаништето на главниот град на Либан, Бејрут, се зголеми на 135 лица, а некаде околу 5 илјади лица се ранети од кои уште десетици лица се наоѓаат затрупани под рушевините.

Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан го рече следното: „Бројот на загинатите во експлозијата во пристаништето на Бејрут се зголеми на 135 лица, а освен тоа приближно 5 илјади лица се ранети и под рушевините се наоѓаат затрупани уште десетици лица кои се водат како исчезнати.“ 

Во меѓувреме, либанскиот министер за економија и трговија Раул Наме во врска со тврдењата дека по експлозијата ќе се појави недостаток од брашно и леб во земјата го рече следното: „Сигурни сме дека количината на брашното на пазарот долго време ќе може да ги обезбедува потребите. Нема криза од брашно и леб.“

Врховниот совет за одбрана на Либан поради завчерашната силна експлозија во пристаништето на Бејрут, главниот град на земјата го прогласи за „катастрофална област“, а воедно е воведена и вонредна состојба во Бејрут во траење од две недели.



Слични вести