Реакции од светот во врска со експлозијата во либанскиот главен град Бејрут

По силната експлозија во пристаништето на либанскиот главен град Бејрут и во која според последни добиени информации загинаа најмалку 100 лица, а повеќе од 4 илјади лица се ранети, пристигнаа голем број пораки со сочувство и солидарност од целиот свет

1467367
Реакции од светот во врска со експлозијата во либанскиот главен град Бејрут

Обединетите нации (ОН) го изразија своето сочувство до либанската влада и либанскиот народ и до семејствата на загинатите во експлозијата во главниот град на Либан, Бејрут, во која според последните добиени информации животот го загубија најмалку 100 лица, а повеќе од 4 илјади лица се ранети.

Ферхан Хак, еден од портпаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Генералниот секретар Антонио Гутерес го изразува своето најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во страотните експлозии во Бејрут, и до либанската влада и либанскиот народ.“

Велејќи дека Гутерес им посакал побрзо оздравување и на ранетите во експлозијата, Хак информира дека во настанот се ранети и некои од персоналот на ОН на задача во Бејрут.

„Обединетите нации (ОН) го продолжува своето ветување за поддршка на Либан во ова негово тешко време  и на активен начин му помага на Либан во интервенцијата во овој настан.“ - рече Хак.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија истакна дека стојат покрај либанскиот народ и се спремни за помош, а воедно до либанскиот народ ја испрати пораката „стојте цврсто.“

Јанез Ленарчич пак, еврокомесар (член на Европската комисија) одговорен за цивилна одбрана и хуманитарна помош, го изрази своето сочувство до жртвите во експлозијата во Бејрут.

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп исто така прес конференцијата што ја одржа во Белата куќа ја започна со изјави во врска со експлозијата во Либан и го рече следното: „Ние ќе бидеме овде за помош. Тоа, се гледа како страотен напад.“

На прашањето на еден новинар зошто настанот го окарактеризира како „напад“, американскиот претседател Доналд Трамп одговори со зборовите: „разговарав со некои од нашите генерали. Како да мислам дека тоа претставува напад. Тоа не беше експлозија на некој вид производство.“

Воедно и американскиот државен секретар Мајк Помпео го изрази своето сочувство за загинатите во експлозијата до којашто дојде со Бејрут и истакна дека САД се спремни за помош на либанскиот народ.

Укажувајќи на тоа дека либанската Влада го истражува настанот, Помпео истакна дека резултатот го очекуваат со нетрпение.

Францускиот претседател Емануел Макрон во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија го истакна следното: „По експлозијата во Бејрут којашто стана причина животот да го загубат голем број лица и да дојде до штета во градот, ја изразувам мојата братска солидарност со Либанците.“ 

Британскиот премиер Борис Џонсон во споделената објава на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Фотографиите и видеата кои пристигнуваат од Бејрут се шокантни. Сите мои мисли и молитви се со загрозените од експлозијата. Спремни сме да ја дадеме целата поддршка којашто би можеле да ја дадеме.“

Белгискиот министер за надворшени работи Филип Гофин во својата порака на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Штетата причинета од експлозиите во Бејрут е многу голема. Оштетена е зградата на нашата амбасада. Од скршените стакла се полесно ранети двајца наши колеги (вработени) и нивни семејства. Спремни сме да им помогнеме на Белгијците кои се наоѓаат во областа.“

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен на својот профил на социјалната медија сподели порака со сочувство во врска со експлозијата.

Ван дер Белен го истакна следното: „нашите мисли се со либанскиот народ, ранетите во настанот и семејствата на загинатите.“

Грчкото Министерство за надворешни работи сподели порака со солидарност со либанската влада и либанскиот народ и соопшти дека управата во Атина е спремна за секој вид помош на оваа земја.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар објави порака со сочувство поради експлозијата во главниот град на Либан, Бејрут.

Ерсин Татар во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Длабоко не разжалости смртта на голем број лица и ранувањето на илјадници лица во големата експлозија до којашто дојде во пристаништето на Бејрут во Либан. Во мое лично име и во име на мојата влада му изразувам сочувство на либанскиот народ, на загинатите им посакувам милост од Аллах, на ранетите им посакувам побрзо оздравување.“

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мишри го достави своето сочувство за загинатите во експлозијата во либанскиот главен град Бејрут.

Ирачкиот премиер Мустафа ел-Казими во објавеното писмено соопштение истакна дека ирачката Влада и ирачкиот народ се во солидарност со Либанците во крвавиот напад чија цел беше Бејрут.

Египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија го изрази своето сочувство и им посака трпение на блиските на загинатите во експлозијата.

Иранскиот претседател Хасан Рухани го изрази своето сочувство за загинатите во експлозијата во главниот град на Либан, Бејрут.

Рухани во испратената порака со сочувство до либанскиот претседател Мишел Авн посака што поскоро да биде обелоденет случајот со сите негови димензии и градот повторно да се стекне со своето спокојство, а воедно истакна дека неговата земја е спремна за доставување на секој вид здравствена помош на Либан.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф исто така на својот профил на Твитер сподели фотографија со натпис „Поздрав од моето срце за Бејрут“ истакна дека неговата земја е спремна да му испрати секој вид помош на Либан. 

Јорданскиот министер за надворшени работи Ајман Сафади истакна дека се спремни за испраќање на секој вид помош од која што има Либан поради експлозијата.

Израел исто така му предложи помош на Либан, по експлозијата во Бејрут.



Слични вести