Пофалби од „Sky News“ на сметка на Турција

Турските здравствени работници вложуваат големи  напори во борбата против епидемијата на Ковид-19

1467315
Пофалби од „Sky News“ на сметка на Турција

Британскиот весник „Sky News“ објави напис во кој посочи на успешната борба на Турција против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и потенцира дека турските здравствени работници во следењето на епидемијата работат како детективи.

Дописникот на „Sky News“ Алекс Крафорд во веста под наслов „Ковид-19 детективите на Турција“ истакна дека турските здравствени работници вложуваат големи  напори во борбата против епидемијата на Ковид-19, илјадниците екипи за следење секој ден активно ги следат пациентите детално го истражуваат двонеделното минато на пациентите и вршат претпазлив мониторинг на сите лица со кои стапиле во контакт.

16 300 здравствени работници на Турција исто како детективите интензивно ги следат пациентите од Ковид-19 блиските роднините деловните пријатели и поширокиот контакт на лицата со кои стапиле во контакт. Сите оние кај коишто се чувствуваат симптоми на Ковид-19 веднаш се подложуваат на тест а исто така пациентите кај коишто се забележуваат лесни симптоми веднаш се почнува со нивното лекување.

Во последните 4 недели во Турција се забележува намалување на бројот на заразените во споредба со бројот на оздравените пациенти. Турција покажа голем успех во тестирањето на милиони граѓани од Ковид-19. Со имплементацијата на методот на повеќе третмани во борбата против Ковид-19 Турција оствари многу значајни резултати и сите здравствени услуги ги остварува бесплатно. Во рамките на превентивните мерки против Ковид-19 во Истанбул за многу кратко време беа изградени многу луксузни болници.



Слични вести