Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 20.690, а на случаите на зараза изнесува 972.668 лица

1466763
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 698 илјади 503 лица, на случаите на зараза достигна до 18 милиони 490 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 11 милиони 716 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, бројот на починатите од Ковид-19 досега изнесува вкупно 39.002, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 858 илјади 689 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст од 144 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 14.351, а на случаите на зараза достигна до 861.824 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 17.405 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 312.035.

Според податоците на Министерството за здравство на Израел, досега од Ковид-19 починаа 546 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 74.903. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека неговата земја од аспект на бројот на случаите на зараза споредено со бројот на населението се наоѓа меѓу земјите со „најголем број случаи“ и предупреди дека бројот на смртните случаи би можел да се зголеми.

Во Пакистан, бројот на смртните случаи изнесува 5.999, во Бангладеш 3.184, а во Саудиска Арабија 2.949 лица.

Во изминатите 24 часа во пандемијата на Ковид-19 во континентална Кина се регистрирани 36, а во Јужна Кореја 34 нови случаи на зараза.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 20.690 а на случаите на зараза изнесува 972.668 лица.

Во западноафриканската држава Нигерија, кадешто досега починаа 869 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 44.129.

 



Слични вести