Предупредување од СЗО: Во моментов немаме решение за вирусот и можеби никогаш нема ни да има

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека иако сите се надеваат на спасоносна вакцина можеби никогаш нема да има сигурен лек против коронавирусот (Ковид-19)

1466421
Предупредување од СЗО: Во моментов немаме решение за вирусот и можеби никогаш нема ни да има

Тедрос Аданом Гебрејесус, Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) која ги реализира своите активности во склопот на Обединетите нации (ОН), во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од којашто во светот се инфектирани повеќе од 18 милиони 450 илјади луѓе, „можеби никогаш нема да се пронајде сигурен лек со којшто ќе се уништи оваа болест“.

На одржаната виртуелна прес конференција во Женева, Гебрејесус, го достави следното предупредување до светот: „Можеби никогаш нема да се пронајде сребрен куршум за Ковид-19 со којшто ќе заврши сѐ. Патот за враќање кон нормала би можел да е многу долг.“

Велејќи дека од критично значење е да се носи маска, да се внимава на физичкото (социјалното) растојание, редовно да се мијат рацете и да се врши тестирање, Гебрејесус рече: „Бројни вакцини во моментов ги реализираат своите трети клинички тестирања. Се надеваме дека овие вакцини ќе го спречат заболувањето на луѓето. Меѓутоа моментално нема сребрен куршум којшто ќе стави крај на сѐ. И уште одредено време можеби и ќе нема.“ 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, исто така ги повика мајките позитивни на Ковид-19 да продолжат со доење на своите деца, а како што рече бидејќи придобивките од доењето значително го надминуваат ризикот од инфектирање (зараза).



Слични вести