Израел реализира воздушен напад врз цели на армијата на сирискиот режим јужно од Дамаск

Израелската армија соопшти дека израелски воени авиони и хеликоптери како одговор на обидот за напад со експлозивни материјали вчера на југот на Голанските висорамнини реализираа напад врз цели во јужниот дел на главниот град Дамаск

1466778
Израел реализира воздушен напад врз цели на армијата на сирискиот режим јужно од Дамаск

Воени авиони и хеликоптери на Израел реализираа напад врз цели на единиците на армијата на сирискиот режим на Бешар Асад распоредени јужно од главниот град Дамаск.

Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае во објавеното писмено соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека израелски воени авиони и хеликоптери како одговор на обидот за напад со експлозивни материјали вчера на југот на Голанските висорамнини (кои инаку се наоѓаат од окупација) реализираа напад врз цели во јужниот дел на Сирија.

Адрае истакна дека во нападот се погодени контролни центри на армијата на режимот, воени бази, ракетни рампи копно-воздух и цели за набљудување и разузнавање.

Нагласувајќи дека Израел ќе продолжи да дава одговор на нападите насочени против него, Адрае рече дека Асадовиот режим се смета за одговорен за воените дејствија коишто се реализираат од териториите на Сирија против Израел.

Од друга страна, новинската агенција на Асадовиот режим „САНА“ соопшти дека противвоздушно одбранбените системи одговориле на нападите на Изарел врз југозападните рурални подрачја на главниот град Дамаск.

Инаку, претходно портпаролот на израелската армија Хидаи Зилберман во дадената изјава за претставниците на печатот истакна дека синоќа група составена од 4 лица ја преминала сириско-израелската граница и се обидела да изврши напад врз израелски цели, но притоа сите четири членови на групата биле убиени.

Зилберман не даде информации за тоа на која страна и припаѓа групата за која станува збор и истакна дека Израел би можел да одговори на нападот.



Слични вести