Имран Хан: Најлошото сценарио за Блискиот исток е евентуалниот директен судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија

Пакистанскиот премиер Имран Хан предупреди дека евентуалниот директен судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија претставува „најлошо сценарио за регионот“

1466521
Имран Хан: Најлошото сценарио за Блискиот исток е евентуалниот директен судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија

Пакистанскиот премиер Имран Хан во дадената изјава за телевизискиот канал „Ал Џезира“ со седиште во Катар направи проценка на приодот и ставот на неговата земја кон Блискиот исток.

Имран Хан предупреди дека евентуалниот судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија претставува „најлошо сценарио за регионот“.

„Најлошото сценарио за Блискиот исток е евентуалниот директен судир помеѓу Иран и Саудиска Арабија“ - рече Хан.

Тој напомена дека неговата земја се обидува да спречи да дојде до тоа и го истакна следното: „Нашето посредување помеѓу Техеран и Ријад продолжува, но напредува полека.“ 

Осврнувајќи се и на дискриминацијата на којашто се подложени муслиманите во Индија, пакистанскиот премиер Имран Хан рече: „Она коешто се врши против муслиманите во Индија личи на она коешто го доживеале Евреите во Нацистичка Германија.“

Хан истакна дека неговата земја се обидува да донесе мир и во Јемен, при што случувањата во регионот ги окарактеризира како „хуманитарна криза“.

По прашањето на билатералните односи со Турција пак, пакистанскиот премиер Имран Хан го рече следното: „Ние посакуваме да ја зголемиме нашата економска соработка со Турција и да ги продлабочиме нашите односи.“



Слични вести