Експлозија во близината на куќата на Харири во Бејрут

Во експлозијата беше оштетена и зградата на Владата

1467071
Експлозија во близината  на куќата на Харири во Бејрут

Според информациите, во експлозијата во близината на куќата на поранешниот либиски премиер Саад Ал-Харири загинаа 25, а повредени се над 2 200 лица.

Во експлозијата во близината на пристаништето на Бејрут дојде до голема штета на куќата на поранешниот премиер Саад Ал-Харири и околните згради, а исто така беа повредени голем број лица.

Сеуште се наоѓаат луѓе под трикатната зграда која што се сруши под влијание на екслозијата.

Во експлозијата беше оштетена и зградата на Владата.

Либанската официјална новинска агенција соопшти дека во складиштето за експлозиви кои се чуваа во пристаништето на Бејрут, избувнал пожар.

Генералниот директор на полицијата рече дека експлозијата се случи во близината на местото каде што се чуваа претходно запленетите експлозиви.

Во меѓувреме, амбасадорот на Казахстан во Бејрут Јерзхан калекенов бил повреден во експлозијата, а исто така беше предизвикана штета на згарадата на Амбасадата на Казахстан.

Од друга страна пак, израелски претставници коишто сакаа да останат анонимни истакнаа дека Израел нема никаква врска со експлозијата во Бејрут.

Наведените претставници во изјавата за локалните медиуми ја негираа поврзаноста на Израел со настанот и истакнаа дека постои голема веројатност за несреќа.



Слични вести