Билансот на Ковид-19 во светот

Расте бројот на смртните случаи и инфектираните во светот

1466333
Билансот на Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 693 587, на заразените над 18 272 000 додека на оздравените над 11 469 863.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во САД која важи за седиште на епидемијата изнесува 158 375, на инфектиранисе зголеми за уште 58 739 и изнесува  над 814 440. Американската фармацевтска компанија Johnson&Johnson соопшти дека потенцијалните вакцини против новиот тип на коронавирусот почнаа да се тестираат над луѓето. Во рамките на тестовите кои се планира да се извршат на над илјада волонтери ќе се провери безбедноста на кандидатот, евентуалните псоледици и успехот во имунитетот.

Бразил е втора земја во светот која најмногу потпадна под непволното влијание на Ковид-19. Во последните 24 часа во оваа земја вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 94 733, на инфектираните на 2 733 677.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Мексико се зголеми на 47 746. Бројот на инфектираните се зголеми на 539 046.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Чиле се зголеми за уште 75 и изнесува 9 608, додекабројот на заразените се зголеми за уште 2 081 и изнесува 359 731.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Аргентина се зголеми за уште 52 лица и достигна 3 648, додека бројот на заразените се зголеми за уте 5 376 и изнесува 201 919.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Боливија знесува 3 153, додека на заразените 80 153. Поради недоволниот капацитет на далечинско учење, образованието во земјата беше затворено 4 месеци пред нормалниот распуст.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија изнесува 46 201. Бројот на дијагностицираните инфектирани изнесува 304 695. Во соопштението кое беше објавено од страна на Владата беше истакнато дека во рамките на активностите за усовршување вакцина против Ковид-19, беше потпишан договор со индиската фирма Wockhardt.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти истакна дека бил позитивен на тестот на Ковид-19. Освен лесна кашлица, немал некои забележителни симптоми на вирусот. Почнувајќи од денес ќе се изолирам. Со должноста ќе раководам од дома“ рече Хоти. Инаку на Косово досега од Ковид-19 умреа 249, а кај 8 799 лица беше регистриран вирусот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Австралија изнесува 221, додека на инфектираните 18 318. Како последица на порстот на бројот на инфектираните, во Мелбурн беше прогласена катастрофална состојба и беа воведени дополнителни превентивни мерки и санкции. Во областа беа испратени дополнителни војници.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Белгија изнесува 9 845, додека на заразените се зголеми на 69 849.



Слични вести