Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза понатаму има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот

1465522
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
SPR Barcelona covid.jpg
super covid-19 kolombiya
süper covid19.jpg
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
covid-19 sili
covid.jpg
covid19 meksika

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 684 илјади 765 лица, на случаите на зараза достигна до 17 милиони 853 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 11 милиони 228 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 157 илјади 120 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 4 милиони 724 илјади 371 инфектирано лице. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 1.212 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 92.568, а на случаите на зараза со раст од 52.383 новозаразени достигна до 2 милиони 666 илјада 298 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 688 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.688, додека со регистрирани 8.458 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 424.637 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 46.119, а на случаите на зараза изнесува 303.181 лице. Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека поради растот во бројот на новите случаи на Ковид-19 плановите за олабавување на мерките за коишто се мислеше да бидат соопштени на 1 август (денеска) се одложени за две недели.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 9 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 35.141. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.422 лица. За еден ден се регистрирани 379 нови случаи со што вкупниот број на инфектираните во Италија достигна до 247.537 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи се зголеми на 30.265, а на случаите на зараза се искачи на вкупно 187.919 од кои пак 76.154 се активни.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 12 лица во последните 7 дена е ревидиран на 28.445 лица. Според податоците во изминатите 24 часа пак, во земјата се регистрирани 1.525 нови случаи со што бројот на инфектираните достигна до вкупно 335.602 лица.

Во Португалија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за уште 8 лица се зголеми на 1.735. Во земјата се регистрирани 204 нови случаи со што бројот на инфектираните достигна до вкупно 51.072 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 19.217

Колумбија 10.105

Белгија 9.841

Чиле 9.457 

Германија 9.224

Канада 8.935

Холандија 6.148

Шведска 5.743

Еквадор 5.702 

Аргентина 3.558 

Боливија 2.977

Романија 2.379 

Швајцарија 1.981

Гватемала 1.924

Ирска 1.763

Полска 1.721

Панама 1.421

Доминиканската Република 1.160

Австрија 718

Данска 615

Унгарија 597

Србија 582

Северна Македонија 493

Бугарија 383

Чешка 382

Босна и Херцеговина 339

Финска 329

Норвешка 255

Грција 206

Австралија 201

Хрватска 145

Албанија 161

Словенија 119

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести