Либиската војска ослободи некои деца кои војуваа на страната на Хафтар

Либиската влада ги обвинува силите на Хафтар за употреба на децата војници во нападите на Триполи

1464415
Либиската војска ослободи некои деца кои војуваа на страната на Хафтар

Либиската војска ослободи некои деца кои војуваа на страната на лидерот на нелегитимните вооружени сили на Хафтар на источната страна на земјата.

Во објавата преку профилот на фејсбук на операцијата „Вулкан на револтот“ која се раководи од страна на либискта влада, беше истакнато дека пуштени се на слобода некои деца под 18 годишна возраст кои војуваа на страната на нелегитимните воружени сили на Халифа Хафтар.

Во соопштението не беа објавени податоци во врска со бројот на децата кои беа пуштени на слобода.

Либиската влада ги обвинува силите на Хафтар за употреба на децата војници во нападите на Триполи.

На 4 април 2019 Хафтар издаде наредба за преземање на контролата над главниот град Триполи по кој настан воените единици на либиската армија започнаа контра операција.

Продолжуваат судирите меѓу воените единици кои се приврзани кон владата која има меѓународен легитимитет и вооружените сили на Халифа Хафтар во Либија во која зеја од 2011 година наваму владее криза во врска со легитимитетот на власта.



Слични вести