Бројот на оздравенте од Ковид-19 изнесува над над десет и пол милиони

Сенаторите во САД на седниците на Претставничкиот дом задолжително ќе носат маски

1464662
Бројот на оздравенте од Ковид-19 изнесува над над десет и пол милиони

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 671 260, на заразените над 17 242 000, додека на оздравените над 10 783 000.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во САД која важи за седиште на епидемијата изнесува над 153 898, на инфектирани над 4 571 065. Претседателот на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси рече дека задолжително ќе биде носењето маски на сенаторите кои ќе учествуваат на седниците на генералното заседание.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил, втората земја во светот која најмногу потпадна под неповолното влијание на епидемијата се зголеми на 90 188, додека бројот на инфектирани се зголеми на 2 555 518. На тој начин, беше дожиеван највисока стапка на смртни случаи и заразени за само еден ден од почетокот на епидемијата во оваа земја. Владата на Шпанија усвои одлука за делумно отворање на границите за странските туристи кои беа затворени во март согласно превентивите во борбата против Ковид-19. На странците им се дозволува да доаѓаат само по воздушен пат, додека поморските и копнените патишта ќе бидат затворени до крајот на август.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Мексико се зголеми за уште 485 и изнесува 44 361. Бројот на инфектираните со раст од 5 752 се зголеми на 408 449.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија, која важи за седиште на епидемијата во Европа се зголеми на 45 961. Бројот на дијагностицираните инфектирани изнесува 301 455.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 15 и вкупно изнесува 30 238. Бројот на инфектираните се зголеми за уште 1 392 и достигна 214 733. Францускиот министер за здравство Оливиер Веран на граѓаните им порача да носат маски и на отворен простор.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 6 и вкупно изнесува 35 129. Бројот на активните случаи се зголеми за уште 289и изнесува 246 776.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа  во Австралија се зголеми за уште 13, додека на инфектираните за уште 744. Ова е најголема бројка на смртни случаи и заразени за само еден ден од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 189, додека на заразените 16 295. Премиерот на покраината Викторија Даниел Ендрјус рече дека како последица на интензивниот раст на бројот на смртните случаи и заразените во покраината, се прошири опсегот на превентивните мерки во борбата против Ковид-19 кои ги опфаќа и друготе градови покрај Мелбурн.

Утре во Косово поради последиците на Ковид-19 нема да се клања намазот за Курбан бајрам. Меѓу засилените превентивни мерки во земјата, во претстојните 10 дена нема да се клањаат и намазите во џамиите.

Претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Република Северна Македонија, Шакир Фетаху во објавата преку профилот на социјалните медиуми рече дека бил поитивен на тестот на Ковид-19.



Слични вести