Средба на либискиот премиер Сараџ и катарскиот министер за надворешни работи во Истанбул

Во објавеното соопштение од канцеларијата за комуникација на либиската Влада се истакнува дека премиерот Фајез ал-Сараџ се состана со катарскиот министер за надворешни работи Мухамед бин Абдурахман Ал Тани во Истанбул

1460847
Средба на либискиот премиер Сараџ и катарскиот министер за надворешни работи во Истанбул

Либија и Катар се договорија за активирање на билатералната соработка.

Во објавеното соопштение од канцеларијата за комуникација на либиската Влада се истакнува дека премиерот Фајез ал-Сараџ се состана со катарскиот министер за надворешни работи Мухамед бин Абдурахман Ал Тани во Истанбул.

Во соопштението се вели дека на средбата беше разговарано за последните случувања во Либија и билатералните односи и беше нагласено дека политичкото решение во Либија треба да се постигне во согласност со Договорот од Сухејрат (декември 2015 година), резолуциите на Обединетите нации (ОН) и Берлинската конференција (јануари 2020 година).

Како што се наведува, страните постигнаа соглсност и по прашањето на активирање на билатералната соработка помеѓу Либија и Катар во голем број сфери.



Слични вести