Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот

1460784
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19 abd
süper covid19.jpg
super covid-19 kolombiya
SPR Barcelona covid.jpg
covid.jpg
super covid19 2.jpg
super covid19 3.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 9.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 636 илјади 599 лица, на случаите на зараза достигна до 15 милиони 660 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 9 милиони 545 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 147 илјади 333 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 4 милиони 169 илјади 990 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 84.802, а на случаите на зараза  достигна до 2 милиони 287 илјада 475 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 718 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.908, додека со регистрирани 8.438 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 370.712 лица.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 10 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 35.092. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.404 лица. За еден ден се регистрирани 306 нови случаи со што вкупниот број на инфектираните во Италија достигна до 245.338 лица. 

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа уште 10 лица со што вкупниот број на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 30.182 лица. Бројот на случаите на зараза пак со раст за уште 1.062 се искачи на 179.398 од кои 68.744 се активни. Во последната една недела во бројот на случаите е забележан раст од 27 отсто и како што се истакнува причината за тоа е недоволното почитување на превентивните мерки против коронавирусот.

Во Шпанија, во изминатите 24  часа се регистрирани уште 2 смртни случаи со што бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 28.429, додека бројот на инфектираните со регистрирани 971 нов случај се искачи на вкупно 317.246. 

Во Португалија, во изминатите 24 часа од починаа уште 3 лица, со што бројот на смртните случаи се зголеми на 1.705, а се регистрирани 229 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 49.379 лица.

Во латиноамериканската држава Боливија, од епидемијата досега починаа 2.328 лица, а се регистрирани 64.135 случаи на зараза.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 17.654

Белгија 9.812

Германија 9.187

Канада 8.874 

Чиле 8.838 

Шведска 5.676

Колумбија 7.688

Холандија 6.139

Еквадор 5.439 

Швајцарија 1.975

Романија 2.126

Аргентина 2.702  

Боливија 2.407

Ирска 1.763

Полска 1.651

Гватемала 1.632

Панама 1.209

Доминиканската Република 1.006

Австрија 711

Данска 612

Унгарија 596

Норвешка 255

Србија 508

Северна Македонија 445

Чешка 365

Финска 328

Бугарија 329

Босна и Херцеговина 274

Грција 201

Хрватска 128

Словенија 115

Австралија 139

Албанија 123

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести