Расте бројот на смртните случаи и заразените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во САД изнесува 146 192, на инфектирани над 4 101 000

1460686
Расте бројот на смртните случаи и заразените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 631 015, на оздравените над 9 000 382, додека на заразените над 15 000 405.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во САД изнесува 146 192, на инфектирани над 4 101 000. Калифорнија со над 409 илјади инфектирани од новиот тип на коронавирусот ја помина сојузната држава Њујорк и стана држава со најголем број на заразени. Во градот Балтимор во сојузната држава Мериленд на еден саат од главниот град Вашингтон беше прогласено задолжително носење маски. Американскиот претсдетаел Доналд Трамп го изнесе тврдењето дека една од причините за ширењето на Ковид-19 и меѓу младите може да бидат и протестите ротив расизмот.

Бразил е втора земја во светот која најмногу потпадна под непволното влијание на Ковид-19. Во последните 24 часа во оваа земја вкупниот број на смртни случаи се гзолеми на 82 860, бројот на инфектирани се зголеми за 67 860 и достигна 2 231 871.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 часа во Мексико се зголеми за 790 и изнесува 41 190. Бројот на инфектираните со раст од 6 019 се зголеми на 361 274.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 7 и вкупниот број изнесува 30 172. Бројот на дијагностицираните инфектирани се зголеми за уште 998 и вкупно изнесува 209 910. Министерот за здравство на Британија Оливиер Веран во изјавата за францусиот ТВ-канал „Франс 2“ истакна дека на 7 милиони лица кои се во тешка материјална состојба бесплатно ќе им бидат доделени над 40 милиони маски.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 9 и изнесува 35 082. Бројот на активните инфектирани се зголеми за уште 282 и изнесува 12 322.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Белгија се зголеми за уште 369 и изнесува 64 627.  Интензивниот раст на бројот на новоинфекираните во градот Анверс во Фламанскиот регион предизвика алармантна состојба во општинската управа. По зголемениот раст на бројот на инфектираните денес се одржа состанок на Националниот безбедносен совет на Белгија. Според претпоставките, се предвидува одложување на 5-та етапа на процесот на нормаллизација која се планираше да започне на 1 август. Советот се очекува да усвои одлука за казнување на лицата коишто нема да се придржуваат на карантинот како чекорите што е се фрлат на тоа поле. Експертите и виролозите посочуваат дека постои голема веројатност за започнување на вториот бран на епидемијата.



Слични вести