Ерменија загрижена од ставот на Турција

Ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнацаканјан изрази загриженост од евентуалната интервенција на Турција

1460336
Ерменија загрижена од ставот на Турција

Ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнацаканјан изрази загриженост од евентуалната интервенција на Турција во азербејџанско-ерменскиот конфликт.

Мнацаканјан во интервјуто за францускиот ТВ-канал „Франс 24“ на едно прашање во врска со тоа „Дали сте загижени од евентуалната турска интервенција во конфликтот?“ одговори:

„Во суштина не можеме да бидеме индиферентни на тоа. Секако дека владее загриженост во однос на прашањето.“

Мнацаканјан во продолжение го изнесе тврдењето дека се обидуваат да формираат добра основа за поддршка на мировниот процес.

Ерменската војска на 12 јули изврши напад на воените позиции на Азербејџан во подрачјето Товуз вклучувајќи ги и артилериските истрели на што азербејџанската војска остро одговори. По загубите што ги претрпе ерменската војска беше принудена да се повлече.

Во судирите загинаа 4 азербејџански војници меѓу кои и еден поручник, а 4 војници беа повредени.

Во судирите коишто продолжија во подоцнежните денови, загинаа уште 8 азербејџански војници меѓу кои и генерал-мајорот Хешимов.



Слични вести