Реакција од Либија против одобрението на египетскиот Парламент: Тоа значи објавување војна!

Либискиот Парламент и либискиот министер за внатрешни работи фетхи Башага покажаа реакција против изгласаното одобрение на египетскиот Парламент со коешто му се дава овластување на претседателот Абдулфетах ес-Сиси за „воена интервенција во Либија“

1459552
Реакција од Либија против одобрението на египетскиот Парламент: Тоа значи објавување војна!

Либискиот Парламент покажа реакција против египетскиот Парламент од чија страна завчера беше одобрен предлогот со којшто му се дава овластување на претседателот Абдулфетах ес-Сиси за „воена интервенција во Либија“. 

Во објавеното писмено соопштение од либискиот Парламент во главниот град Триполи се истакнува следното: „Целосно ја отфрламе одлуката на египетскиот Парламент којашто се потпира на нелегитимната покана на оние под рувото „на т.н. Парламент“ (Претставничкото собрание во Тобрук)  кои тврдат дека ги претставуваат либиските пламиња.

Во соопштението се упатува повик за итна осуда на оваа одлука на египетскиот Парламент, а воедно се бара од либиската Влада (Владата на национално единство) „да биде спремна за давање на политички и практичен одговор на оваа закана, како и за разгледување (вреднување) на секој вид опција за давањето на соодветен одговор.“

„Либија, не претставува закана против националната безбедност на Египет, па египетскиот Парламент да се заканува со воена интервенција.“ - се подвлекува во објавеното соопштение од страна на либискиот Парламент во Триполи.   

Во меѓувреме, по ова прашање пристигна изјава и од министерот за внатрешни работи на Либија Фетхи Башага кој одлуката на египетскиот Парламент за овластување на египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси за „интервенција врз Либија“ ја окарактеризира како „објавување на војна“.

Министерот Башага во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Даденото одобрение од страна на египетскиот Парламент за испраќање на свои воени сили надвор од западните граници (во Либија) значи објавување војна на Либија и прекршување на договорите на Арапската клига (АЛ) и Обединетите нации (ОН).“

„Странските сили внатре во нашите рганици ќе ги сметаме за непријатели. Прогласуваме дека нема да се двоумиме да ги одбраниме суверенитетот, безбедноста и слободата на нашиот народ“ - порача либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага.

Инаку, египетскиот Парламент завчера го одобри предлогот со којшто му се дава овластување на претседателот Абдулфетах ес-Сиси за реализација на воена интервенција во Либија, а како што се вели во овој предлог „за да му се даде овластување за преземање на сите неопходни мерки за воспоставување на националната безбедност на земјата.“

Да потсетеме дека египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси пред некаде околу еден месец се закани со воена интервенција во соседна Либија, а сособено во градовите Сирте и Ал Џуфра.



Слични вести