Продолжуваат протестите во Израел против премиерот Бенјамин Нетанјаху

Во Израел каде што дојде до втор бран на епидемијата на Ковид-19 и каде невработеноста се искачи на 21-отсто, продолжуваат да се одржуваат протести против премиерот Нетанјаху

1459523
Продолжуваат протестите во Израел против премиерот Бенјамин Нетанјаху

Во Западен Ерусалим (Кудс) се одржа протест против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на кој се бараше да поднесе оставка поради лошото управување на неговата влада на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и судскиот процес што се води против него за корупција.

Во Израел каде што дојде до втор бран на епидемијата на Ковид-19 и каде невработеноста се искачи на 21-отсто, продолжуваат да се одржуваат протести против премиерот Нетанјаху.

Протестот организиран од страна на групата позната како „Движење Црно знаме“, започна пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Западен Ерусалим (Кудс).

Илјадници демонстранти кои се собраа овде потоа тргнаа кон Парламентот (Кнесетот).

Притоа учесниците на протестот алудирајќи на Нетанјаху носеа маици со натписи „Премиер криминалец“, а често извикуваа и слогани „Биби (Нетанјаху) оди си дома“.

За време на протестот, израелската полиција презеде интензивни безбедносни мерки и патиштата по кои поминаа демонсртантите беа затворени за сообраќај.

На протестот пред изарелскиот Парламент (Кнесетот) дадоа поддршка и некои опозициски пратеници.

Инаку, во различни градови на Израел и минатата недела беа одржани протести против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

 

 



Слични вести