Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот

1459315
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19
süper covid19.jpg
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
süper Covid-19
super covid-19 kolombiya
super covid19 3.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 hijyen2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 619 илјади 520 лица, на случаите на зараза достигна до 15 милиони 096 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 9 милиони 112 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 144 илјади 953 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 4 милиони 028 илјади 569 инфектирани лица. Како што се истакнува бројот на случаите на зараза од коронавирусот во некои области на САД би можел да изнесува за 2 до 13 пати повеќе од официјално соопштените бројки. Во едно спроведено истражување од страна на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC), поради тоа што поголемиот дел од инфектираните не покажуваат симптоми на болеста не одат на лекар така што вирусот се шири и затоа се смета дека бројот на случаите на зараза е многу поголем од официјално соопштените бројки.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 81.597, а на случаите на зараза  достигна до 2 милиони 166 илјада 532 лица.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 15 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 35.073. Бројот на активни случаи во земјата пак, се намали на 12.248 лица. За еден ден се регистрирани 129 нови случаи со што вкупниот број на инфектираните во Италија достигна до 244.752 лица.  

Во Франција, соопштената бројка на смртни случаи од 30.177 е ревидирана на 30.165 лица. Како што се истакнува оваа промена произлегува од погрешното сметање на бројот на починатите од Ковид-19 во домовите за старци. Бројот на случаите на зараза пак, во земјата со раст за 584 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 177.338 од кои пак 67.439 се активни.

Во Шпанија, во изминатите 24  часа починаа 2 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 28.424, додека бројот на инфектираните со регистрирани 529 нови случаи се искачи на вкупно 313.274 лица. Автономната влада на Каталонија пак, која дава различни бројки од шпанското министерство за здравство, соопшти дека во изминатите 24 часа во автономната управа се регистрирани 590 нови случаи на зараза.

Во Португалија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 6 лица, со што бројот на смртните случаи се зголеми на 1.697, а се регистрирани 127 новозаразени и бројот на случаите на зараза во земјата достигна до 48.898 лица.

Во Холандија, кадешто досега има 6.136 починати, бројот на случаите на зараза се зголеми на 52.073 лица. Во последната една недела во земјата е регистриран раст од 84 отсто во бројот на новоинфектираните.

Во Австрија, има 710 починати и приближно 20 илјади случаи на зараза, додека поради порастот во бројот на инфектираните во последните денови, повторно е донесена одлука за задолжително носење на маска во маркетите, поштите и банките.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 13.579

Белгија 9.805

Германија 9.180

Канада 8.862 

Чиле 8.677 

Шведска 5.646

Колумбија 7.166

Холандија 6.136

Еквадор 5.366 

Швајцарија 1.972

Романија 2.074

Аргентина 2.490  

Боливија 2.273

Ирска 1.753

Полска 1.636

Гватемала 1.531

Панама 1.159

Доминиканската Република 999

Австрија 710

Данска 611

Унгарија 596

Норвешка 255

Србија 491

Северна Македонија 432

Чешка 360

Финска 328

Бугарија 313

Босна и Херцеговина 264

Грција 197

Хрватска 123

Словенија 114

Австралија 128

Албанија 117

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести