Критика од Германија на планот на Египет за воена интервенција во Либија

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас на одржаната заедничка прес конференција со својот грчки колега Никос Дендиас во Атина, ја изрази загриженоста на неговата земја во однос на плановите на Египет за воена интервенција во Либија

1459504
Критика од Германија на планот на Египет за воена интервенција во Либија

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во Атина кадешто отпатува во официјална посета се состана со својот грчки колега, министерот за надворешни работи Никос Дендиас со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Овде, Мас ја изнесе загриженоста на неговата земја во однос на плановите на Египет за воена интервенција во Либија.

Велејќи дека германската Влада со разговорите коишто ги одржува со страните во Либија и регионалните актери долго време се обидува да ја намали затегнатоста во Либија, Хеико Мас рече: „Одлуките во врска со воените овластувања не можат да се дочекаат со задоволство, бидејќи тие доведуваат до опасност од уште поголема затегнатост (ескалација).“ 

Освен тоа, шефот на германската дипломатија ги повика и страните во Либија да се вратат на разговорите во форматот „5+5“ (разговорите на кои учествуваат по 5 мина претставници на официјалната либиска Влада и приврзаниците на пучистот Хафтар), а како што рече за постигнување на одржлив прекин на огнот со кој што ќе може да се отвори патот за политичко решение.

Инаку, египетскиот Парламент завчера го одобри предлогот со којшто му се дава овластување на претседателот Абдулфетах ес-Сиси за реализација на воена интервенција во Либија, а како што се вели во овој предлог „за да му се даде овластување за преземање на сите неопходни мерки за воспоставување на националната безбедност на земјата.“

Да потсетеме дека египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси пред некаде околу еден месец се закани со воена интервенција во соседна Либија, а сособено во градовите Сирте и Ал Џуфра.

 

 



Слични вести