Во Црното Море започна поморската вежба „Sea Breeze-2020“

Целта на воената вежба „Sea Breeze“ која ќетрае 7 дена е да се воспостави стабилноста и безбедноста во Црноморскиот регион

1458850
Во Црното Море започна поморската вежба „Sea Breeze-2020“

Во Црното Море започна поморската вежба „Sea Breeze-2020“ во која учествува и Турција.

Во воената вежба ќе учествуваат околу 2 илјади војници од Турција, САД, Франција, Норвешка, Романија, Бугарија, Грузија, Шпанија и Украина.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Украина, поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ќе се реализираат само поморски и воздушни вежби. Во вежбата ќе учествуваат над 20 воени бродови, авиони и хеликоптери.

Целта на воената вежба „Sea Breeze“ која ќе трае 7 дена е да се воспостави стабилноста и безбедноста во Црноморскиот регион, беше истакнато во соопштението.



Слични вести