Предупредување од ОН: „Судирите меѓу Азербејџан и Ерменија можат да предизвикаат катастрофа“

Стефан Дујариќ упати повик до Азербејџан и Ерменија за максимална разумнст и трезвеност

1458871
Предупредување од ОН: „Судирите меѓу Азербејџан и Ерменија можат да предизвикаат катастрофа“

Обединетите нации предупредија дека во случај да ескалираат судирите меѓу Азербејџан и Ерменија истите можат да предизвикаат катастрофа.

Портпаролот на Генералниот секретар на ОН Стефан Дујариќ на дневната прес конференција истакна дека со голема загриженост ја следат напнатоста меѓу Азербејџан и Ерменија.

Дујариќ упати повик до Азербејџан и Ерменија за максимална разумнст и трезвеност потенцирајќи дека „евентуален голем судир меѓу двете земји може да имаа ктастрофални последици“.

Имено на 12 јули, ерменската војска изврши обид за напад врз подрачјето Тoвуз вклучувајќи ги и артилериските истрели врз база на шо азербејџанската војска возврати со иста доза, поради што беаше принудена да се повлече. Во судирите загинаа 4 азербејџански војници од кои еден поручник, а 4 војници беа повредени.

Во подоцнежните судири загинаа 8 азербејџански војници од кои еден генерал-мајор.



Слични вести