Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 15.210, на случаите на зараза  достигна до 724.698 лица, а досега болеста ја победија 383.314 заболени од вирусот

1457882
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
korona afrika.jpg
koronavirüs afrika.jpg
afrika kovid.jpg
Afrika'da Korona.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
afrika koronavirus.jpg
afrika.jpg
super covid 19 guney afrika
Güney Afrika.jpg
kovid doğu.jpg
moskova covid.jpg
Moskva korona.jpg
Covid Süper.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 hijyen.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 608 илјади 300 лица, на случаите на зараза достигна до 14 милиони 614 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 8 милиони 723 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 27.503 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 118 илјади.

Во Иран, кадешто бројот на смртните случаи изнесува вкупно 14.188 лица, досега се заразени вкупно 273.788 лица и бројот на инфектираните продолжува да се зголемува.

Во Русија, се регистрирани 12.342 смртни случаи, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 771.546 лица.

Во Ирак, од новиот тип коронавирус во последните 24 часа животот го загубија 90 лица, а се регистрирани 2.310 нови случаи на зараза. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 3.781 лице, а на случаите на зараза се искачи на 92.530 лица.

Бројот на смртните случаи од пандемијата на Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 15.210, на случаите на зараза  достигна до 724.698 лица, а досега болеста ја победија 383.314 заболени од вирусот.

Во западноафриканската држава Нигерија, од епидемијата животот го загубија 778 лица, а се регистрирани над 36 илјади случаи на зараза, така што меѓу регистрираните случаи позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се наоѓа и нигерискиот министер за надворешни работи Џефри Онјеама кој го рече следното: „Поради болка, гребење и иритација во грлото вчера по четврти пат направив тест од Ковид-19. За жал резултатот од моето тестирање беше позитивен. Ете животот е тоа. Понекогаш добиваш, понекогаш губиш.“

Во африканските земји како што се СејшелитеЕритреја и Уганда досега нема регистрирани смртни случаи.

Бројот на смртните случаи во некои земји на континентот Африка е вака:

Јужноафриканската Република 5.033

Египет 4.302

Алжир 1.078 

Нигерија 789 

Судан 693 

Камерун 373 

Мароко 273 

Демократска Република Конго 194 

Кенија 234 

Сенегал 167

Етиопија 167

Мавританија 155

Гана 148

Замбија 120  

Мали 121  

Сомалија 93

 

 



Слични вести