Повторно продолжен Самитот на лидерите на ЕУ посветен на буџетот и програмата за помош

Лидерскиот самит на Еврпската унија (ЕУ) поради тоа што не можеше да се постигне договор повторно е продолжен

1458287
Повторно продолжен Самитот на лидерите на ЕУ посветен на буџетот и програмата за помош

Лидерите на 27 земји членки на Европската унија (ЕУ) кои од петокот преговараат за буџетот и програмата за помош за санирање на економските последици предизвикани од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се уште не можат да постигнат договор поради што преговорите повторно се продолжени.

Портпаролот на Европскиот совет Баренд Лејтс, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека Самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ) кој започна во петокот во главниот град на Белгија, Брисел, е продолжен.

Лејтс истакна дека лидерите направија пауза помеѓу состаноците и дека во попладневните часови ќе се состанат повторно.

Инаку, лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) беше планирано да се одржи на 17 и 18 јули, меѓутоа поради тоа што не можеше да се постигне договор преговорите продолжуваат. 

 



Слични вести