Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот

1457688
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19
super covid19 2.jpg
super covid19 abd
super covid19 3.jpg
süper Covid-19
süper covid19.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 9.jpg
SPR Barcelona covid.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
covid-19 sili

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 605 илјади 202 лица, на случаите на зараза достигна до 14 милиони 443 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 8 милиони 627 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 142 илјади 878 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 3 милиони 833 илјади 597 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 78.817, а на случаите на зараза  достигна до 2 милиони 705 илјада 246 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 578 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 38.888, додека со регистрирани 7.615 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 338.913 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 45.273, а на случаите на зараза изнесува 294.066 лица. Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека во рамките на борбата против Ковид-19 ќе нема потреба од прогласување на втор колективен карантин на територијата на целата земјата. Џонсон во интервјуто за весникот „Де Сандеј Телеграф“ (The Sunday Telegraph), промената на карантин на територијата на целата земја ја спореди со „нуклеарна сила на одвраќање“ и го рече следното: „Апсолутно не сакам да го применам тоа и не мислам дека ќе бидеме во состојба да го применуваме“. Велејќи дека се надева оти за време на Божиќ „состојбата во голема мера ќе се врати во нормала“, британскиот премиер Борис Џонсон нагласи дека во понатамошниот процес ако затреба би можеле да се донесат одлуки за карантин на „локално ниво“.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 14 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 35.042. За еден ден се регистрирани 249 нови случаи со што вкупниот број на инфектираните во земјата достигна до 244.216 лица. Бројот на активни случаи во земјата пак, се намали на 12.368 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи се зголеми на 30.152, а бројот на случаите на зараза со раст за 658 лица се искачи на вкупно 174.674 од кои пак 65.289 се активни.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 28.420, додека бројот на инфектираните достигна до вкупно 307.335 лица. На уочлив начин една недела како расте бројот на случаите на зараза од коронавирусот во автономната управа Каталонија кадешто од почетокот на епидемијата досега бројот на регистрираните позитивни случаи на вирусот се зголеми на 81.932 лица, а само во изминатите 24 часа се дијагностицирани 1.226 случаи. Шпанскиот печат пишува дека голем број лица особено во Барселона со загриженост од прогласување на евентуален карантин почнале да го напуштаат градот.

Во Португалија, бројот на смртните случаи се зголеми на 1.864, а на случаите на зараза достигна до 48.390 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 12.998

Белгија 9.800

Германија 9.162

Канада 8.848 

Чиле 8.445 

Шведска 5.619

Колумбија 6.516

Холандија 6.136

Еквадор 5.282 

Швајцарија 1.969

Романија 2.009

Аргентина 2.220  

Боливија 2.106

Ирска 1.753

Полска 1.618

Гватемала 1.449

Панама 1.071

Доминиканската Република 971

Австрија 711

Данска 611

Унгарија 596

Норвешка 255

Србија 461

Северна Македонија 414

Чешка 358

Финска 328

Бугарија 299

Босна и Херцеговина 246

Грција 194

Хрватска 120

Словенија 111

Австралија 122

Албанија 111

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.



Слични вести