Путин во Советот за безбедност ја разгледа ситуацијата на азербејџанско-ерменската граница

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија на кој беше разговарана ситуацијата на азербејџанско-ерменската граница

1457061
Путин во Советот за безбедност ја разгледа ситуацијата на азербејџанско-ерменската граница

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност на Русија ја разгледа ситуацијата на азербејџански-ерменската граница.

Според објавеното писмено соопштение од претседателскиот дворец Кремљ, претседателот Путин одржа состанок со членовите на Советот за безбедност. 

На состанокот на кој беше разгледана ситуацијата на азербејџански-ерменската граница, беше изнесена загриженоста од затегнатоста којашто продолжува и беше истакнато дека постои потреба страните да го воспостават процесот на прекин на огнот. 

На состанокот беше нагласено и тоа дека Русија е спремна да посредува помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Имаку, ерменската армија на 12 јули изврши напад врз азербејџанските позиции во пограничната област Товуз вклучувајќи и топовско гранатирање на што пак, возврати и азербејџанската армија по што ерменските сили претрпеа загуби и се повлекоа. 

Во овие судири од азербејџанската армија загинаа четворица војници од кои еден потпоручник, а четворица војници беа ранети.

Судирите во областа Товуз на азербејџанско-ерменската граница продолжија и во наредните денови и во овие судири од азербејџанската армија загинаа 8 војници од кои еден генерал мајор.



Слични вести