Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 141 илјада 118 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 3 милиони 695 илјади 025 инфектирани лица

1456561
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
super covid19 3.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
covid-19 sili

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 592 илјади 790 лица, на случаите на зараза достигна до речиси 14  милиони лица, а досега оздравеа повеќе од 8 милиони 286 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 141 илјада 118 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 3 милиони 695 илјади 302 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 76.822, а на случаите на зараза  достигна до 2 милиони 015 илјада лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 45.119, а на случаите на зараза изнесува 292.552 лица.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 20 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.017. За еден ден се регистрирани 230 нови случаи со што вкупниот број на инфектираните во земјата достигна до 243.736 лица. Бројот на активни случаи во земјата пак, се намали на 12.473 лица. 

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 668 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 37.574, додека со регистрирани 6.406 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 324.041 лице.

Во Франција, во изминатите 24 часа од епидемијата починаа уште 18 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 30.138, а бројот на случаите на зараза со раст за 534 лица се искачи на вкупно 173.838 од кои пак 64.664 се активни. Францускиот премиер Жан Кастекс во дадената изјава пред Сенатот информира дека поради епидемијата почнувајќи од наредната недела ќе биде задолжително да се носи маска во затворени места и простории. Францускиот министер за здравство Оливие Веран пак, препорача да почне да се носи маска без да се чека наредната недела откога ќе биде задолжително. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за уште 3 лица се зголеми на 28.416, додека бројот на инфектираните со раст за 580 лица се искачи на вкупно 305.935 лица. 

Во Португалија, во изминатите 24 часа животот го загубија 3 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 1.679, а на случаите на зараза со регистрирани 339 новозаразени достигна до 47.465 лице.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 12.615

Белгија 9.795

Германија 9.157

Канада 8.827 

Чиле 7.290 

Холандија 6.137

Шведска 5.593

Колумбија 6.029  

Еквадор 5.207 

Швајцарија 1.969

Романија 1.971

Аргентина 2.112  

Боливија 1.984

Ирска 1.749

Полска 1.605

Гватемала 1.404

Панама 1.000

Доминиканската Република 941

Австрија 711

Данска 610

Унгарија 595

Норвешка 254

Србија 442

Северна Македонија 401

Чешка 355

Финска 328

Бугарија 293

Босна и Херцеговина 240

Грција 193

Хрватска 120

Словенија 111

Австралија 116

Албанија 104

 

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести