Песков: Не мислам дека одлуката за Аја Софија ќе им наштети на руско-турските односи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече: „Не мислам дека одлуката за Аја Софија ќе им наштети на руско-турските односи. Ние располагаме со официјална државна позиција во однос на тоа дека ова прашање е внатрешно прашање на Турција.“

1457058
Песков: Не мислам дека одлуката за Аја Софија ќе им наштети на руско-турските односи

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков во интрвју за Авторадјо меѓу другото се осврна и на одлуката на Турција во врска со статусот на Аја Софија и притоа истакна дека одлуката за нејзина пренамена од музеј повторно во џамија нема да им наштети на односите помеѓу Турција и неговата земја.

Песков рече: „Не мислам дека одлуката за Аја Софија ќе им наштети на руско-турските односи. Ние располагаме со официјална државна позиција во однос на тоа дека ова прашање е внатрешно прашање на Турција. Се надеваме дека нашите турски партнери при било каква одлука ќе го земат во предвид тоа дека Аја Софија е објект којшто претходно се наоѓаше на списокот на светското наследство на УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации), се надеваме дека ќе го земе во предвид тоа дека има свето значење за голем број христијани и православни.“

Нагласувајќи дека со донесената одлука од страна на властите во Турција и нема да постои одредена препрека и пред христијаните за да влегуваат во Аја Софија, Дмитриј Песков рече: „Од Турција, од нашите турски партнери добивме изјава во однос на тоа дека се ќе се зачува на најдобар начин и дека секој оној кој ќе сака ќе може да ја посети Аја Софија. Сега веќе влезот ќе биде бесплатен. Од тој аспект од тоа ќе заработат нашите туристи.“ 

Велејќи дека рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган многу личат еден на друг од аспект на одржување на своето дадено ветување, Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков го додаде следното: „Путин откако ќе вети нешто веднаш го исполнува. Од тој аспект Ердоган и Путин личат многу еден на друг. Затоа успеваат да изнајдат решение во многу тешки ситуации. Како што е во прашањето со Сирија.“



Слични вести