Повторно се разгоре судирот на азербејџанско-ерменската граница

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, ерменските сили извршија нов напад врз азербејџанските позиции во областа Товуз кадешто беа гранатирани азербејџанските села Агдам, Дондар, Кушчу и Вахитли

1456235
Повторно се разгоре судирот на азербејџанско-ерменската граница

Ерменската армија утрово се обиде да изврши нов напад врз азербејџанските позиции на границата и ги гранатираше пограничните цивилни населени места на азербејџанска територија.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, ерменските сили извршија нов напад врз азербејџанските позиции во областа Товуз. Ерменската армија ги гранатираше со тешко оружје и хаубици азербејџанските села Агдам, Дондар, Кушчу и Вахитли во областа Товуз.

Во соопштението на министерството се истакнува дека нема загинати во овие напади.

Како што се истакнува судирите во областа продолжуваат и дека ситуацијата е под контрола на азербејџанската армија.

Освен тоа, во соопштението на азербејџанското министерство за одбрана се наведува дека било погодено и соборено едно беспилотно летало од типот X-55 во сопственост на Ерменија кое реализирало извидувачки лет кон пограничната област Товуз, над азербејџанските позиции.

Министерството ги сподели и фотографиите на собореното беспилотно летало.

Инаку, ерменската армија на 12 јули изврши напад врз азербејџанските позиции во пограничната област Товуз вклучувајќи и топовско гранатирање на што пак, возврати и азербејџанската армија по што ерменските сили претрпеа загуби и се повлекоа. 

Во овие судири од азербејџанската армија загинаа четворица војници од кои еден потпоручник, а четворица војници беа ранети.

Судирите во областа Товуз на азербејџанско-ерменската граница продолжија и во наредните денови и во овие судири од азербејџанската армија загинаа 7 војници од кои еден генерал мајор.

 



Слични вести