Група ерменски демонстранти извршија напад врз Амбасадата на Украина во Ереван

Според објавените вести во ерменскиот печат, група демонстранти кои се собрале пред Амбасадата на Украина во Ереван овде одржале протест и извршиле напад врз зградата на амбасадата

1455906
Група ерменски демонстранти извршија напад врз Амбасадата на Украина во Ереван

По изразената поддршка од страна на Украина на територијалниот интегритет на Азербејџан којашто уследи по извршениот напад од страна на Ерменија врз азербејџанските територии група ерменски демонстранти ја нападнаа Амбасадата на Украина во Ереван. 

Според објавените вести во ерменскиот печат, група демонстранти кои се собрале пред Амбасадата на Украина во Ереван овде одржале протест.

Групата ерменски демонстранти составена од членови на младинскиот огранок на Партијата Ташнак во своите раце носеа транспаренти со натписи против Украина. 

Потоа демонстрантите чиниите со националното јадење на Украина чорбата боршч ги фрлија врз зградата на украинската амбасада и извикуваа слогани против Украина и Азербејџан.

Инаку, по извршениот напад од страна на Ерменија на 12 јули врз азербејџанските територии беше објавено соопштение од Министерството за надворешни работи на Украина во кое беше изразена длабока загриженост од растечката тензина на азербејџанско-ерменската граница и беше упатен повик до страните за воздржаност.

Во соопштението беше истакнато следното: „Украинската страна, застанува во одбрана на изнаоѓање политичко решение за ситуацијата на основа на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Азербејџан во рамките на нејзините меѓународно признати граници.“

По ова соопштение амбасадорот на Украина во Ереван беше повикан во ерменското Министерство за надворешни работи.



Слични вести