Азербејџанскиот претседател Алиев: Последниот напад на Ерменија покажа дека таа е фашистичка држава

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, поради отворениот оган од страна на Ерменија врз цивилни населени места на Азербејџан, ја окарактеризира Ерменија како „фашистичка држава“

1456025
Азербејџанскиот претседател Алиев: Последниот напад на Ерменија покажа дека таа е фашистичка држава

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во говорот што го одржа на ссостанокот на Министерскиот совет истакна дека судирите на границата на 12 јули беа започнати од страна на Ерменија и дека ерменската армија изврши ненадеен топовски напад врз азербејџанските позиции во областа Товуз.

Алиев, поради отворениот оган од страна на Ерменија врз цивилни населени места на Азербејџан, ја окарактеризира Ерменија како „фашистичка држава“.

Нагласувајќи дека азербејџанската армија веднаш возврати на нападот и извојува славна победа, Илхам Алиев го рече следното: „Ерменските сили не можеа да влезат ниту еден сантиметар на азербејџанска територија и никогаш нема да успеат во тоа. Спротивно на тоа, доколку сакавме ние денеска можевме да ставиме под наша контрола поголем дел од териториите на Ерменија во таа област. Меѓутоа, немавме таква намера.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев информира дека ерменската армија отвори оган врз азербејџанските цивилни население места и притоа загина еден 76 годишен цивил.

„Тоа, уште еднаш го изнесува тоа дека Ерменија е фашистичка држава.“ - рече Алиев.

Нагласувајќи дека на азербејџанскиот народ му е здосадено од бесмислените преговори коишто се водат за Нагорно Карабах, Алиев рече: „И трпението на народот има своја граница. Ние формиравме една силна армија. Нема да отстапиме ниту еден чекор по прашањето на Нагорно Карабах. Треба да се воспостави територијалниот интегритет на Азербејџан и ние сме одлучни по ова прашање.“

Заблагодарувајќи им се на турскиот народ и на претседателот на Република Турција Реџеп Тајјип Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го подвлече следното: „Целиот свет, уште еднаш виде дека турскиот и азербејџанскиот народ се вистински браќа.“

 



Слични вести