Во САД се одржаа активности посветени на 15-ти јули
Вчера камионите на кои пишуваше „15-ти јули, Победа на турската демократија“ и „Победа на турскиот народ“ во текот на целиот ден патуваа по најпрометните улици на Менхетен, Бруклин и Куинс на Њујорк, Вашингтон и ранчот во Пенсилванија во кој се наоѓа штаб

Вчера во рамките на 4-та годишнина од неуспешниот воен удар на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која на 15 јули се обиде да изврши воен удар во Турција, во различни сојузни држави на САД, камиони за дигитална објава и авиони кои носеа транспаренти чија цел беше да се обелоденат вистините за ФЕТО.
Во рамките на организацијата која се одржа под покровителтво на Турско-американскиот национален управен комитет (ТАСК), со камионите за дигитална објава и авионите кои носеа транспаренти беше посочено на кукавичкиот обид за воен удар на 15 јули во Турција.
Вчера камионите на кои пишуваше „15-ти јули, Победа на турската демократија“ и „Победа на турскиот народ“ во текот на целиот ден патуваа по најпрометните улици на Менхетен, Бруклин и Куинс на Њујорк, Вашингтон и ранчот во Пенсилванија во кој се наоѓа штабот на ФЕТО.
Авионите кои го носеа трансарентот на кој пишуваше „Спречете ја терористичката рганизација ФЕТО“ исто така во текот на целиот ден ги надлетаа наведените подрачја.
Слични вести

Папата Франциск се вакцинираше против Ковид-19
Кампањата за вакцинација против „Ковид-19“ во Ватикан беше започната вчера