Поддршка од Турскиот совет на Азербејџан

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амрејев остро го осуди ерменскиот напад на азербејџанските територии

1455240
Поддршка од Турскиот совет на Азербејџан

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амрејев остро го осуди ерменскиот напад на азербејџанските територии.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Турскиот совет беше истакнато следното:

„Генералниот секретар Багдад Амрејев остро го осудува нападот на ерменските воени сили на подрачјето Товуз на азербејџанско-ерменската граница и изрази длабока загриженост од зголамување на напнатоста во регионот.“

Амрејев на азербејџанските семејства чии деца и блиски загинаа во нападите, на братскиот азербејџански народ и владата им изрази сикрено сочувство, а на повредените им посака што побрзи да оздрават.

Турскиот совет ја користи оваа прилика уште еднаш да ја потврди приврзаноста кон нормите и начелата на меѓународното право и да го повтори значењето за постигнување решение на ерменско-азербејџанскиот спор околу Нагорно Карабах кое ќе се заснова на заштита на суверенитетот, територијалниот интегритет и граничниот имунтет на Република Азербејџан.

Во тој контекст, генералниот секретар ги повикува страните што поскоро да се окончаат судирите, да се намалат тензиите и да се продолжи барањето решение кое ќе се заснова на начелата и нормите усвоени согласно меѓународното право и резолуциите на СБ на ОН од 1993 година“ беше истакнато во соопштението.

Турскиот совет се состои од Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан. Унгарија има статус на земја набљудувач на советот.

 

Еерменските воени сили на 12 јули извршија напади на азербејџанските воени позиции во подрачјето Товуз вклучувајќи ги и топовските истрели, на што Азербејџан возврати со силен оган. По овој настан ерменските сили беа принудени да се повлечат со загуби. Во судирите загинаа 4 азербејџански војници меѓу кои еден поручник, а 4 војници беа повредени.

Во вчерашните судири загинаа седум азербејџански војници од кои еден генерал-мајор. Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека во нападите на ерменската војска на Товуз загина и еден цивил.



Слични вести