Азербејџанскиот народ бара мобилизација против ерменските напади

Голем број азербејџански граѓани со азербејџански знамиња во рацете, извикувајќи слогани ноќта ја поминаа пред Националното Собрание и бараа да се прогласи мобилизација против ерменските напади

1455355
Азербејџанскиот народ бара мобилизација против ерменските напади

Азербејџанскиот народ кој протестираше против реализираните напади од страна на ерменската армија на границата како и против ерменската окупација на Нагорно Карабах, ноќта ја помина пред Националното Собрание кадешто се состана со барање да биде прогласена мобилизација.

Од неделата илјадници Азербејџанци масовно излегуваат на улиците и одржуваат протести против нападите на Ерменците врз позициите на азербејџанската армија на границата и загинатите во овие напади.

Голем број азербејџански граѓани во главниот град Баку и од околните градови вчера во вечерните часови формираа колони на улиците на главниот град.

Азербејџанските граѓани со азербејџански знамиња во своите извикувајќи слогани „Нагорно Карабах е наше, наше ќе остане“, се собраа пред Националното Собрание.

Овде илјадници лица извикуваа слогани за прогласување на мобилизација против ерменските напади.

Големиот број азербејџански граѓани извикувајќи слогани „Шехидите не умираат, татковината е неделива“ и „Врховен команданте, дај ни оружје“ ноќта ја поминаа пред Националното Собрание

Инаку, ерменската армија на 12 јули реализира напад врз азербејџанските позиции во пограничната област Товуз вклучувајќи и топовски истрели. 

На овој напад возврати и азербејџанската армија по што ерменските сили претрпеа загуби и се повлекоа. 

Во овдешните вооружени судири од азербејџанската армија загинаа четворица војници од кои еден потпоручник, а четворица војници беа ранети.

Во меѓувреме, во судирите коишто продолжија и вчера загинаа 7 азербејџански војници од кои еден генерал мајор. 



Слични вести