Русија: „Одлуката за Ајасофија е внатрешна работа на Турција“

Поаѓаме од ставот дека тоа е внатрешна работа на Турција. Затоа природно треба да се сфати дека ниту ние ниту никој друг нема право да се меша во оваа работа.

1454149
Русија: „Одлуката за Ајасофија е внатрешна работа на Турција“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин рече дека одлуката за отворањето на Ајасофија како џамија за вероисповед е внатрешна работа на Турција. Затоа ниту нашата земја ниту некоја друга земја нема право да се меша во оваа работа.

Вершинин во изјавата за новинарите направи проценка на отворањето на Ајасофија како џамија за вероисповед.

Прашањето во врска со отворањето на џамијата Ајасофија предизвика голем оддек во светот, потсети Вершинин и додаде:

„Поаѓаме од ставот дека тоа е внатрешна работа на Турција. Затоа природно треба да се сфати дека ниту ние ниту никој друг нема право да се меша во оваа работа.“

Ајасофија има големо значење од аспект на глобалната култура и цивилизација.

Државниот совет со одлуката којашто ја усвои на 10 јули за пренамена на Ајасофија во џамија, ја поништи претходната одлука на Владата од 24 ноември 1934 година. Веднаш потоа со одлука на претседателеството, управата над Ајасофија беше предадена на Управата за верски прашања.



Слични вести