Министрите за надворешни работи на ЕУ првпат по Ковид-19 се состанаа во Брисел

Жозеп Борел пред состанокот на Високиот совет за надворешни односи рече дека прва точка на дневниот ред ќе биде Латинска Америка

1453968
Министрите за надворешни работи на ЕУ првпат по Ковид-19 се состанаа во Брисел

Првпат по мерките коишто беа преземени во рамките на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел одржаа физичка средба.

Високиот еврокомесар за надворешни односи Жозеп Борел во изјавата пред состанокот на Високиот совет за надворешни односи рече дека прва точка на дневниот ред ќе биде Латинска Америка, како и последиците на Ковид-19 во регионот и тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните и билатералните односи.

Борел потенцираше дека и односите со Турција е една друга мошне значајна точка на дневниот ред на состанокот, на кој исто така ќе бидат разгледани случувањата во Африка и Либија, а исто така министрите ќе бидат информирани и за процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина кој се интензивира во последно време.

Борел додаде дека на состанокот ќе се разгледаат и случувањата во врска со Хонг Конг  како и загриженоста на министрите за надворешни работи од чекорите што ги фрлија кинеските власти.



Слични вести