Мемедјаров и Лавров разговараа за судирот на азербејџанско-ерменската граница

Во остварениот телефонски разговоразербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров го информира својот руски колега Сергеј Лавров во врска со судирите коишто се случија во областа Товуз на азербејџанско-ерменската граница

1454277
Мемедјаров и Лавров разговараа за судирот на азербејџанско-ерменската граница

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараа за судирот до којшто дојде вчера на азербејџанско-ерменската граница.

Според објавеното соопштение од азеребјџанското Министерство за надворешни работи, во остварениот телефонски разговор помеѓу двајцата министри за надворешни работи, Мемедјаров го информирал својот руски колега во врска со судирите коишто се случија во областа Товуз на азербејџанско-ерменската граница.

Мемедјаров укажа на тоа дека провокацијата на Ерменија е во услуга на уште повеќе продлабочување на состојбата во регионот и во вклучување на трети земји во ерменско-азербејџанскиот судир.

Велејќи дека се неприфатливи обидите на Ерменија за употреба на сила, Мемедјаров нагласи дека на овие видови провокации и понатаму ќе им се даде потребниот одговор.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров исто така истакна дека зголемувањето на тензиите во регионот е неприфатливо и го подвлече значењето на ставањето под контрола на ситуацијата.

Инаку, ерменската армија вчера изврши обид за напад врз азербејџанските позиции во областа Товуз на границата при што реализира и топовски истрели на што откако на ист начин возврати и азербејџанската армија по што ерменската страна претрпе загуби и се повлече.

Како што се соопштува во нападот од аербејџанската армија загинаа 1 потпоручник и 4 војници, а 4 војници се ранети.



Слични вести