Иран изрази задоволство од отворањето на џамијата Ајасофија за вероисповед

Одлуката во врска со Ајасофија е внатрешно прашање на Турција. Тоа е прашање кое ќе се вреднува во рамките на националниот суверенитет на Турција

1454244
Иран изрази задоволство од отворањето на џамијата Ајасофија за вероисповед

Иран изрази задоволство од отворањето на џамијата Ајасофија за вероисповед.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран Абас Мусеви изрази задоволство од отворањето на Ајасофија како џамија за вероисповед.

Мусеви во изјавата за Агенцијата Анадолија (АА) рече:

„И ние исто како и турскиот народ и сите муслимани чувствуваме големо задоволство од одлуката за отворањето на Ајасофија за вероисповед.“

Во врска со реакциите насочени против одлуката, Мусеви рече:

„Одлуката во врска со Ајасофија е внатрешно прашање на Турција. Тоа е прашање кое ќе се вреднува во рамките на националниот суверенитет на Турција.“



Слични вести