Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 137 илјади 631 лице, а на случаите на зараза изнесува повеќе од 3 милиони 387 илјади 470 инфектирани лица

1453441
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19 2.jpg
super covid19 abd
super covid19 3.jpg
süper covid19.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 hijyen2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 569 илјади 377 лица, на случаите на зараза достигна до 12 милиони 946 илјада лица, а досега оздравеа повеќе од 7 милиони 543 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 137 илјади 631 лице, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 3 милиони 387 илјади 470 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 71.584, а на случаите на зараза  достигна до 1 милион 824 илјада 249 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи со раст за уште 21 лице во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 44.819, а на случаите на зараза со раст од 650 лица се искачи на 289.603 лица.

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 9 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 34.954. За еден ден се регистрирани 234 нови случаи со што вкупниот број на инфектираните во земјата достигна до 243.061 лица. Бројот на активни случаи во земјата пак, се намали на 13.179 лица. Италијанскиот премиер Џузепе Конте го даде сигналот дека 6 месечната итна состојба поради Ковид-19 којашто беше прогласена во јануари би можела да биде продолжена до крајот на годината. Исто така и претседателката на Сенатот Елизабета Каселати во дадената изјава вчера истакна дека продолжувањето на итната состојба за уште 6 месеци ќе биде разгледано и гласано во Сенатот во вторникот.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 539 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 34.730, додека со регистрирани 6.094 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 295.268 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа уште 25 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 30.004, а бројот на случаите на зараза со раст за 658 лица се искачи на вкупно 170.752 од кои пак 62.360 се активни.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 за една недела со раст за уште 10 лица се зголеми на 28.403, додека бројот на инфектираните во земјата се искачи на вкупно 300.988 лица. Во автономните управи Галиција и Баскија во северниот дел на земјата денеска се одржуваат локални парламентарни избори на кои е донесена забрана да гласаат лицата чии тестови се позитивни на Ковид-19.

Во Португалија, бројот на смртните случаи се зголеми на 1.660, а на случаите на зараза достигна до 46.512 лице.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 11.682

Белгија 9.782

Германија 9.134

Канада 8.783 

Чиле 6.881 

Холандија 6.137

Шведска 5.526

Колумбија 5.119  

Еквадор 5.031 

Швајцарија 1.968

Романија 1.884

Аргентина 1.818  

Боливија 1.754

Ирска 1.746

Полска 1.571

Гватемала 1.172

Панама 893

Доминиканската Република 897

Данска 609

Унгарија 595

Норвешка 252

Србија 393

Северна Македонија 382

Чешка 352

Финска 329

Бугарија 267

Босна и Херцеговина 221

Грција 193

Хрватска 119

Словенија 111

Австралија 108

Албанија 93

 

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.

 



Слични вести