Бројот на верските објекти за богослужба во Турција и во некои други земји во светот

Немуслиманското население во Турција сочинува приближно 0,4 отсто од целокупното население на Турција кадешто има 435 верски објекти за богослужба (извршување на верски обред)

1453468
Бројот на верските објекти за богослужба во Турција и во некои други земји во светот

Во Турција живеат 180 илјади 854 христијани и приближно 20 илјади Евреи.

Немуслиманското население во Турција сочинува приближно 0,4 отсто од целокупното население на Турција кадешто има 435 верски објекти за богослужба (извршување на верски обред) меѓу кои се наоѓаат и стотици годишни цркви и синагоги.

Тоа пак, покажува дека на секои 461 лице од 180 илјади 854 христијани и приближно 20 илјади Евреи се паѓа по еден верски објект за богослужба (исполнување на својот обред).

Од друга страна, состојбата во Европа и Америка е многу различна и сега ако сакате да фрлиме поглед на некои земји во светот по ова прашање.

Велика Британија

Според податоците на Националната статистичка институција на Велика Британија за 2018 година, во земјата живеат 3 милиони 372 илјади 966 муслимани. Тоа пак, значи дека муслиманите со чинуваат 5,1 отсто од вкупното население кое брои 65 милиони 288 лица. Според извештајот со датум од 2017 година  на MuslimsInBritain.org кој спроведува истражувања во врска со џамии, во Велика Британија има 1.975 џамии што значи дека на секои 1.707 муслимани се паѓа по една џамија. 

Меѓутоа, од тие 1.975 џамии само 10 можат да примат повеќе од 4 илјади муслимани. Бројот на џамиите со капацитет од 1.000 до 4.000 илјади лица, верници пак, според регистрите изнесува 181. Поголемиот дел од останатите џамии во Велика Британија се со капацитет од 50 до 500 лица, верници.

Германија

Според податоците на германското министерство за внатрешни работи, во земјата живеат 5 милиони муслимани. Во Германија кадешто муслиманите сочинуваат 5,7 отсто од целокупното население кое брои 83,2 милиони, има 2.350 џамии од кои повеќе од 1.500 им припаѓаат на Турците. Во земјата има по една џамија за секои приближно 2.200 муслимани.

Франција

Во Франција која брои 66,8 милиони жители живеат приближно 6 милиони муслимани. Во земјата кадешто муслиманите сочинуваат 8,9 отсто од вкупното население, се претпоставува дека вкупниот број на џамии изнесува приближно 2.500. На тој начин, се прави проценка дека бројот на муслиманите кои се паѓаат на една џамија изнесува приближно 2.400.

Холандија 

Според податоците на Бирото за статистика на Холандија, во земјата живеат 864.108 муслимани. Муслиманите сочинуваат 5 отсто од 17 милиони 282 илјади жители на земјата за која се знае дека има приближно 500 џамии. Тоа пак, покажува дека на секои 1.728 муслимани во Холандија се паѓа по една џамија.

САД

Според последното реализирано истражување на „Pew Research Center“ во 2018 година, во Соединетите Американски Држави (САД) живеат приближно 3,45 милиони муслимани. Во САД со своето приближно 330 милиони жители муслиманите сочинуваат 1,1 оттсо од вкупното население.

Според извештаите на најголемите муслимански организации во земјата како што се Советот за американско-исламски односи, Северноамериканската исламска заедница и Американско-исламската заедница, во САД има приближно 2.200 џамии. На тој начин се проценува дека во земјата на секои приближно 1.600 муслимани се паѓа по една џамија

Поголемиот дел од овие џамии се наоѓаат околу метрополите во сојузниците држави како што се Њујорк и Калифорнија. Познато е дека пристапот до џамиите на муслиманите кои живеат во помалите рурални населени места е ограничен. 

Русија

Во Руската Федерација пак, која брои приближно 246 милиони жители се претпоставува дека живеат приближно 23 милиони муслимани. Тоа сочинува 15 отсто од населението на Руската Федерација. 

Според соопштението на претседателот на Советот на муфтии Равил Гајнутдин, во земјата има приближно 8 илјади џамии. Со тоа во Русија на секои 2.875 муслимани се паѓа по една џамија.

 



Слични вести