Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи над 136 илјади 671, а на инфектираните на 3 милиони 291 илјада 786 лица

1453089
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
KORONA SÜPER
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg
süper Covid-19
abd virüs süper.jpg
SÜPER abd koronavirüs.jpg
super covid-19 kolombiya
super covid19 abd
super covid19 2.jpg
super covid19 7.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
super foto kanada korona.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 562 илјади 894 лица, на случаите на зараза достигна до 12 милиони 631 илјада лица, а досега оздравеа повеќе од 7 милиони 366 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 136 илјади 671 лице, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 3 милиони 291 илјада 786 инфектирани лица. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 70.524, а на случаите на зараза  достигна до 1 милион 804 илјада 338 лица.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 44.650, а на случаите на зараза на 288.133 лица.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 34.938, бројот на активни случаи во земјата се намали на 13.428 лица, додека вкупниот број на инфектираните достигна до 242.639 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на вкупно 34.191, а на случаите на зараза достигна до 289.174 лица.

Во Франција, од глобалната епидемија во изминатите 24 часа починаа уште 25 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 30.004, а бројот на случаите на зараза со раст за 658 лица се искачи на вкупно 170.752 од кои пак 62.360 се активни.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 за една недела со раст за уште 10 лица се зголеми на 28.403, додека бројот на инфектираните во земјата се искачи на вкупно 300.988 лица. Во автономните управи Галиција и Баскија во северниот дел на земјата утре ќе се одржат локални парламентарни избори на кои е донесена забрана да гласаат лицата чии тестови се позитивни на Ковид-19.

Во Португалија, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 2 починати со што бројот на смртните случаи се зголеми на 1.646, а со утврдување на 402 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 45.679 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: 

Перу 11.500

Белгија 9.781

Германија 9.130

Канада 8.759 

Чиле 6.781 

Холандија 6.136

Шведска 5.526 

Еквадор 4.939 

Колумбија 4.925 

Швајцарија 1.966

Романија 1.847  

Ирска 1.744

Аргентина 1.774

Полска 1.562 

 

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.



Слични вести