Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1452328
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
kuzey afrika koronavirus.jpg
korona afrika.jpg
Afrika'da Korona.jpg
afrika koronavirus.jpg
afrika.jpg
koronavirüs afrika.jpg
super covid 19 guney afrika
kovid doğu.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 557 илјади 547 лица, на случаите на зараза достигна до 12 милиони 397 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 7 милиони 227 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 21.632, а на случаите на зараза достигна до 795.605 лица.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија кадешто има вкупно 4.634 починати, во изминатите 24 часа се регистрирани 4 нови случаи и вкупниот број на случаите на зараза изнесува 83.585 лице.  

Во Јужна Кореја, од почетокот на епидемијата досега животот го загубија вкупно 288 лица,  додека вкупниот број на инфектираните изнесува 13.338 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 10.843, а на случаите на зараза на 707.301 лице.

Во Иран, кадешто досега починаа 12.305 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 250.458.

Во Израел, досега од Ковид-19 починаа 348 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 34.825 лица.

Во Катар, животот го загубија уште 4 лица, а се заразени 557 лица, со што бројот на починатите се зголеми на 142, а на случаите на зараза на 102.110 лица.

Во Кувајт, кадешто од Ковид-19 во последниот ден починаа 3 лица бројот на смртните случаи се зголеми на 382, а на случаите на зараза со раст за уште 833 се искачи на 52.840 лица.

Во Обединетите Арапски Емирати, почина уште едно лице и се регистрирани 532 новозаразени, со што бројот на човечките загуби се зголеми на 328, а на случаите на зараза достигна до 53.577 лица.

Во Либан, има 36 починати, а со регистрирани 66 новозаразени бројот на случаите достигна до 2.011 лица.

Во Тунис,од Ковид-19 животот го загубија 50 лица, а со уште 10 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 1.231 лице.

Во Ирак, во изминатите 24 часа починаа уште 103 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 2.882 лица, а со регистрирани 2.170 новозаразени бројот на случаите на зараза во земјата достигна до 39.502 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 12.499, а на случаите на зараза изнесува 545.109 лица.

Најмногу е погодена Јужноафриканската Република, кадешто за еден ден починаа уште 128 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 3.720, а со регистрирани уште 13.674 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 238.339 лица. 

Бројот на смртните случаи во некои земји на континентот Африка е вака:

Јужноафриканската Република 3.720

Египет 3.617

Алжир 988 

Нигерија 689 

Судан 641 

Камерун 359 

Мароко 242 

Демократска Република Конго 189 

Кенија 173 

Мавританија 144

Гана 129  

Мали 120 

Етиопија 120 

Сомалија 92

Најголем број случаи на зараза на континентот Африка пак, има во Јужноафриканската Република со 238.339, а потоа следуваат Египет со 79.245, Нигерија 30.748, Гана 23.463, Алжир 17.808, Мароко 15.079, Камерун 14.916, Судан 10.158, Кенија 8.975,  Демократска Република Конго 7.846, Сенегал 7.784, Етиопија 6.973 случаи на зараза.

Од друга страна, во африканските земји како што се СејшелитеЕритрејаУгандаНамибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.



Слични вести