Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот











Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 557 илјади 547 лица, на случаите на зараза достигна до 12 милиони 397 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 7 милиони 227 илјади заболени од вирусот.
Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 135 илјади 826 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 3 милиони 220 илјади инфектирани лица. Како последно доведе до загриженост тоа што е утврден Ковид-19 и кај еден дописник кој учествуваше на брифингот за печат во Белата куќа одржан во понеделники во вторник. Идентитетот на инфектираниот дпписник се држи во тајност и се вели дека лицето за кое станува збор здодека се наоѓало во Белата куќа носело маска и не покажало симптоми на болеста. Инаку, во Белата куќа се врши дневно тестирање за дописниците кои влегуваат во Белата куќа.
Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 69.254, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 759 илјада 103 лица.
Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, во изминатите 24 часа животот го загубија уште 85 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 44.602. Бројот на случаите на зараза со раст за 642 лица се искачи на 287.621 лице.
Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 12 лица се зголеми на 34.926, вкупниот број на активни случаи во земјата се намали на 13.459 лица, додека се регистрирани и 229 нови случаи на зараза со што вкупниот број на инфектираните достигна до 242.363 лица. Во меѓувреме, италијанскиот министер за внатрешни работи Луциана Ламоргасе беше гостин во една програма на телевизискиот канал „РАИ 3“ кадешто предупреди во однос на тоа дека економските влијанија на епидемијата на Ковид-19 којашто сериозно ја погоди земјата ќе почнаат да се чувствуваат наесен. Инаку, оваа година се очекување стеснување на италијанската економија 12-13 отсто.
Во Мексико, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на вкупно 33.526, а на случаите на зараза достигна до 282.283 лица.
Во Франција, од глобалната епидемија во изминатите 24 часа починаа уште 14 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 29.979, а бројот на случаите на зараза со раст за 621 лице се искачи на вкупно 170.094, од кои пак 61.945 се активни.
Во Шпанија, бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 за една недела со раст за уште 10 лица се зголеми на 28.401, додека во изминатите 24 часа се регистрирани 241 новозаразено лице со што бројот на инфектираните во земјата се искачи на вкупно 300.136 лица.
Во Португалија, во изминатите 24 часа се ргеистрирани уште 13 починати со што бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на 1.644, а со утврдување на 418 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 45.277 лица.
Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака:
Перу 11.314
Белгија 9.778
Германија 9.125
Канада 8.749
Чиле 6.682
Холандија 6.137
Шведска 5.500
Еквадор 4.900
Колумбија 4.714
Швајцарија 1.966
Романија 1.834
Ирска 1.743
Аргентина 1.720
Полска 1.551
Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 продолжува да расте особено во земјите во Латинска Америка и во САД.