Советот за безбедност на ОН ја отфрли нацрт-резолуцијата на Русија за Сирија

По ставеното вето во Советот за безбедност на ОН на механизмот за испраќање меѓународна хуманитарна помош на Сирија, Русија овојпат ја достави својата нацрт-резолуција која пак беше отфрлена во Советот

1452017
Советот за безбедност на ОН ја отфрли нацрт-резолуцијата на Русија за Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) го отфрли предлогот на Русија за доставување на хуманитарна помош на Сирија само преку еден граничен премин во времетраење од 6 месеци, а којшто следеше по ветото од страна на оваа земја (Русија) на механизмот за обнова со којшто се обезбедува можност за испраќање меѓународна хуманитарна помош на приближно 3 милиони луѓе во Сирија.

Инаку, Русија заедно и со Кина, вчера во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) стави вето на механизмот за обнова со којшто се обезбедува можност за испраќање меѓународна хуманитарна помош на Сирија преку два гранични премини со Турција и чиј рок истекува на 10 јули.

По ова свое вето Русија ја достави до Советот својата нацрт-резолуција по ова прашање.

Во нацрт-резолуцијата на Русија се предлагаше меѓународната помош за Сирија да се доставува само во текот на 6 месеци и само преку еден граничен премин со Турција Џилвеѓозу наспроти Бабулхава, меѓутоа поради тоа што оваа нацрт-резолуција не успеа да добие 9 гласа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) беше отфрлена.

На руската нацрт-резолуција се спротивставија САД, Франција, Велика Британија, Германија, Белгија, Естонија и Доминиканската Република кои гласаа против, додека Тунис, Нигер, Индонезија и Сент Винсент беа воздржани.

Русија, Кина, Виетнам и Јужна Африка пак ја поддржаа и гласаа за нацрт-резолуцијата.

Инаку, во согласност со сегашната резолуција Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), меѓународната помош за Сирија може да се доставува само преку два гранични премини од Турција и тоа Онџупинар наспроти Бабуселаме и Џилвеѓозу наспроти Бабулхава.

По вчерашното вето од страна на Русија и Кина, со истекување на рокот на механизмот за доставување меѓународна хуманитарна помош на Сирија на 10 јули и двете гранични премини ќе бидат затворени за премин на конвоите со помош и со тоа ќе биде прекината хуманитарната помош којашто е од животно значење за приближно 3 милони Сиријци.



Слични вести